Фудбалската репрезентација на Македонија има шокантна негатива (1-0) против Фарски Острови, по првото полувреме на мечот во Торшавн, со кој нашиот национален тим го отвора новото издание во Лигата на нации.
Во осмата минута, Ахмед Иљазовски направи грешка, можеби и на малку чуден начин беше досуден пенал, а Столе Димитриевски не успеа да го спречи ударот од 11 метри на Виљормур Давидсен.
По примениот гол, Македонија имаше поголема иницијативца, се обидуваше да израмни, но домаќинот мудро се бранеше на теренот со вештачка трева.
Селекторот Благоја Милевски ќе мора да промени нешто во вториот дел, а и фудбалерите да заиграат многу подобро, доколку не сакаме да го паметиме овој ден во Торшавн како нов дебакл на македонскиот фудбал.
Viljormur Davidsen scores from the spot!
Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/uGOesPAW4s
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024