Навивачите на Пирин од Благоевград испратија порака со сочувство за настраданите од големата трагедија во Кочани, во која животот го загубија 59 лица, а околу 200 се повредени.
Тие на мечот од Втората лига против Марек Дупница на гостински терен истакнаа парола на која пишуваше „Кочани, тагуваме со вас“.