Во широка анкета спроведена од шпанскиот весник „Марка“, навивачите на Реал Мадрид го изразија своето незадоволство од Винисиус, а воедно и од тренерот Чаби Алонсо.
Имајќи ги предвид перформансите на тимот и шпекулациите за атмосферата во соблекувалната, „Марка“ им даде право на навивачите да го кажат своето мислење.
Повеќе од 100.000 читатели учествуваа во анкетата.
На прашањето кој е главниот проблем на тимот, 61 % од испитаниците ги обвинија играчите, 23 % го критикуваа Одборот, додека само 16 % го сметаа тренерот Чаби Алонсо за одговорен за лошите резултати.