Сантијаго Бернабеу беше сведок на посебен и трогателен момент пред дуелот меѓу Реал Мадрид и Еспањол.
Младиот марокански навивач Абдерахим Оухида, кој во земјотресот во Мароко во септември 2023 година ги загуби своите родители, двете сестри и дедото, беше почестен гостин на “кралевите” и ја доби честа да го изведе свечениот почетен удар.
Овој навивач ја доживеа својата најголема желба, да го посети Бернабеу и да ги запознае идолите.
Во вторникот присуствуваше на натпреварот од Лигата на шампионите против Олимпик Марсеј, а потоа ги запозна играчите на Реал и направи фотографии со нив.