Арсенал го потврди едно од најизненадувачките засилувања ова лето – Кепа Арисабалага потпиша договор со “Топџиите” во трансфер вреден 5.8 милиони евра од Челси.
Во Челси, тој важеше за најскапиот голман во историјата на фудбалот, каде неговата вредност беше 80 милиони евра во 2018 година.
Сега, со трансферот во Арсенал, тој започнува нова страница во Лондон, но овој пат во црвено-белиот клуб.
Капа пристигнува во Арсенал со силна самодоверба: “Чувствувам дека сме на чекор до многу победи”, изјави Шпанецот по потпишувањето.