Фудбал

Најдобар во изборот на ФИФА е Бразилецот Винисиус Жуниор

Најдобар во изборот на ФИФА е Бразилецот Винисиус Жуниор

Офцијално Винисиус Жуниор ја доби наградата за најдобар светски фудбалер за минатата сезона на настанот „The Best“, во организација на ФИФА.

Бразилецот се чувствуваше обесправено откако Шпанецот Родри ја доби „Златната топка“ на „Франс Фудбал“, но сега се закити со признанието кое го доделува Светската фудбалска асоцијација и се заблагодари за оваа голема чест.

„Навистина сум почестен што имам прилика да ја примам оваа награда. Стојам скромно пред вас, затоа што потекнувам од скромно опкружување. Ова е за сите што ме поддржуваа, но и за самиот себе. Најмногу сум горд поради среќата на моето семејство“, изјави Винициус за новинарите.

Винициус Жуниор го предводеше Реал Мадрид до уште една титула во Лигата на шампионите, каде во финалето го совладаа тимот на Борусија Дортмунд. Минатата сезона бразилскиот репрезентативец имаше учинок од 21 гол и 10 асистенции во сите конкуренции.

 

To top