Фудбал

Начо се сели во Саудиска Арабија

Начо се сели во Саудиска Арабија

Начо Фернандез е пред напуштање на Реал Мадрид и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Според извештаите од Шпанија, само детали го делат од двегодишен договор за плата од 20 милиони долари по сезона.

Тоа е за четири пати повеќе од она што во моментов го заработува во Реал со кого, меѓу другото, освои шест титули во Лигата на шампионите.

Иако не е потврдено, Начо би се преселил во Ал Итихад каде повторно ќе игра со поранешниот соиграч од Реал, Карим Бензема.

To top