Фудбал историја

На Копа Америка ќе судат и жени

На Копа Америка ќе судат и жени

За првпат во историјата на Копа Америка, турнир кој започнува следниот месец, правдата ќе ја делат и жени.

Шанса да покажат што знаат им се дава на Марија Викторија Пенсо од САД, Едина Алавес од Бразил, а во ВАР собата ќе биде Татјана Гузман од Никарагва.

Помошнички ќе бидат Неуза Бек од Бразил, Мери Бланко од Колумбија, Мигдалија Родригез од Венецуела и Брук Мејо и Кетрин Несбит од САД.

Инаку Копа Америка се игра во САД а стартува на 20 јуни.

To top