Не стивнува бурата за желбата да се имплементира друга боја на картон во фудбалот (сина). Идејата за синиот картон е судиите да му го покажат на играчот доколку прекршокот е помеѓу жолт и црвен картон. Ако судијата му покаже син картон на играчот, тој ќе мора да ја напушти играта на десет минути, меѓутоа, прашање е што ќе се случи ако голманот добие син картон?
Имено, доколку се случи голманот да добие син картон, ќе мора да го напушти теренот десетина минути, а тренерот го чека тешка одлука. Во тој случај, постојат две опции: едната, играчот на теренот да се движи меѓу стативите во тие десет минути, и другата, тренерот да одлучи да направи трајна промена и да испрати еден играч надвор од теренот за резервниот да може да влезе. Сигурно дека синиот картон ќе внесе многу конфузија, доколку се реши да се усвои иницијативата на ИФАБ.
Имаше многу реакции на шпекулациите за воведување син картон, а можеби најинтересна е онаа на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
„Замислете каков див запад би бил со сини картони. Картон ќе лета во сите правци. Во еден момент може да се случи тимот да има седум играчи на теренот бидејќи сите ќе имаат проблеми со сините картони“, истакна тренерот на Ливерпул.
Доколку фудбалерот добие втор син картон на еден натпревар, тоа автоматски би значело исклучување до крајот на натпреварот, односно црвен картон.