Дани Мусовски повторно го облече дресот на Македонија.
Членот на Сиетл во „црвено-жолтиот“ дрес доби шанса во ремито против Ирска во Даблин (0-0).
30-годишниот Мусовски на средбата истакна дека генерално е задоволен од одиграниот натпревар против цврстиот домаќин.
“Одигравме меч во кој имавме голема борба на теренот. Ирска има доста силни играчи, но мислам дека и ние покажавме добра борба и дојдовме до позитивен резултат. Повеќето мечеви на противникот се дефанзивни, блокот им беше на ниво. Во одбраната Ирците имаат доста физички добри играчи, но и нашите дефанзивци се покажаа добро против корпулентните ривали. Генерално, имавме добар натпревар“