Фудбал

Мурињо и Рома повторно лути на судиите по мечот со Фиорентина

Мурињо и Рома повторно лути на судиите по мечот со Фиорентина

Рома го заврши дуелот со Фиорентина со двајца фудбалери помалку, а Жозе Мурињо не пропушти да реагира саркастично по исклучувањата на Залевски и Лукаку.

Првиот доби два жолти картони и автоматско исклучување, додека Лукаку во финишот стартуваше грубо за директен црвен картон, но „волчицата“ издржа со тогаш актуелните 1:1 до крајот на средбата.

Очекувано и очигледно е дека Мурињо повторно ќе ги обвини судиите дека го оштетиле неговиот тим, а Португалецот го повлече првиот потег со тоа што одбил да се појави на вообичаеното интервју по крајот на средбата.

Не само што тренерот одбил комуникација со медиумите, туку клубот издал наредба тоа да го направат и фудбалерите и сите други претставници на Рома на „Олимпико“.

To top