Фудбал

Мурињо: Дадов срце, поради Рома одбив да бидам

Мурињо: Дадов срце, поради Рома одбив да бидам

Жозе Мурињо веќе одреден период е без ангажман и тоа откако калчолигашот Рома одлучи да му се заблагодари за неговите услуги.

-Тоа беше одлука на раководството. Тоа мора да го почитувате и нема дискусија. Верувам дека навивачите се срцето на тимот, срцето на тимот, но кога управата ќе одлучи нешто, тоа мора да се почитува. Можам да кажам дека ова е нешто што ме повреди повеќе од другите заминувања, бидејќи дадов се, дадов срце. Одбив некои големи понуди да останам, одбив да бидам селектор на Португалија. Одбив и клубови од Саудиска Арабија, имав големи понуди и тоа не го кријам. Бев повреден по заминувањето од Рома бидејќи чувствував дека им дадов многу радост на навивачите. Ова е првпат да се чувствувам поинаку откако го напуштив клубот, -откри Жозе во разговорот со Рио Фердинанд.

-Ја одбив англиската репрезентација во 2007 година, можев да бидам селектор на вашата репрезентација. Имав понуда на маса, но ја одбив, -додаде „специјалниот“.

To top