Македонскиот стратег, Игор Ангеловски – Мрме објави дека ја прекинале соработката со кипарски Етникос Ахна
-Денес остварив состанок на мое барање со претседателот на кипарски Етникос Ахна, Кикис Филипу и ја поднесов мојата оставка на позиција главен тренер, а заедно со мене заминува и мојот асистент Милан Илиевски. Победите и поразите се составен дел од фудбалската игра, но оставката е чин на морална одговорност, наведува Ангеловски во објавата.
Тој му се заблагодари за укажаната доверба, на сите вработени, навивачи и фудбалери за соработката и им посакува понатамошни успеси во иднина на личен и професионален план.