Фудбал италијански медиуми

Мота пред отказ во Јувентус

Мота ја презеде тренерската функција во Јувентус во летото 2024 година, а претходно беше на чело на Болоња.

Мота пред отказ во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Тиаго Мота би можел да добие отказ, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, раководството на италијанскиот гигант е незадоволно по елиминацијата од ПСВ во плејоф рундата од Лигата на шампиони и работата на Мота во клубот е доведена во прашање.

Мота ја презеде тренерската функција во Јувентус во летото 2024 година, а претходно беше на чело на Болоња.

По 22 кола, торинскиот тим е на четвртото место на табелата во Серија А, со 46 бодови. (МИА)

To top