Фудбал

Мота го одби Милан, преговара со Јувентус

Мота го одби Милан, преговара со Јувентус

Тиаго Мота тренерот на најпријатното изненадување оваа сезона во Серија А, Болоња, на крајот од сезоната ќе го напушти клубот од „Ренато Далара“.Бразилецот со италијански пасош ќе го наследи Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус.

Италијанските медиуми објавија дека Милан се обидел да воспостави контакти со Мота, но дека „росонерите“ добиле негативен одговор бидејќи преговорите со Јувентус биле во напредна фаза.

Според овие извори, Мота се заблагодарил и рекол дека во овој момент има прелиминарен договор со Јувентус и дека нема да преговара со ниту еден друг клуб.

Мота на Болоња сигурно ќе и обезбеди историски пласман во европските купови. Желбата е клубот да игра во Лигата на шампионите, доколку тоа не се случи извесно е дека ќе избори место во Лига Европа.

To top