Фудбал

Мота добива отказ од Јувентус, Манчини или Тодор евентуална замена

Мота добива отказ од Јувентус, Манчини или Тодор евентуална замена

Тијаго Мота сигурно ќе добие отказ од Јувентус, сега прашање е само кој ќе го наследи, битка ќе се води помеѓу Игор Тудор и Роберто Манчини.

Медиумите од Италија вечерва излегоа со нови информации и сите се убедени дека Тијаго Мота сигурно заминува, со тоа што одредени извори очекуваат тој да добие „клоца“ и пред натпреварот со Џенова.

Исто така се пишува дека прв фаворит за нов тренер е Игор Тудор, Хрватот нема ништо против за договор до крајот на сезоната со опција, а не обврска, за додатни 12 месеци.

Новинарот Фабрицио Романо дури објави Игор Тудор и Јувентус веќе се договориле, па се ближи крајот на проектот на Тијаго Мота.

To top