Фудбал реал мадрид

Модриќ за поништениот пенал на Атлетико: Не разбирам зошто луѓето се изненадени

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите елиминирајќи го градскиот ривал Атлетико. Откако Реал го доби првиот натпревар со 2-1, Атлетико го доби реваншот со 1-0 пред своите гледачи. Во продолженијата немаше голови, па победникот беше решен по изведувањето на пенали, каде Реал победи со 4:2.

Сепак сите се уште зборуваат за поништениот пенал на Хулијан Алварез. Откако првите тројца играчи беа прецизни, играчот на Атлетико го постигна четвртиот гол, но по проверките на ВАР системот, неговиот гол беше поништен поради двојна игра односно допир на топката со двете нозе при шутирање. Оваа ситуација предизвика многу полемики.

Капитенот на Реал Мадрид, Лука Модриќ запрашан за контроверзниот пенал одговори: „Постојано ме прашуваат за тоа, но не знам зошто луѓето се изненадени, тоа е правило. За нив е несреча, но за нас среќа. Тоа е фудбалот. Среќни сме што се пласиравме“.

Ова беше 43-ти настап за Модриќ оваа сезона за Реал, а 20 од тие настапи беа од првата минута. На другите натпревари влегуваше од клупата, а мечот против Атлетико му беше трет во низа во стартниот состав.

To top