Фудбал модриќ во реал е од 2012 година

Модриќ: Не знам дали и следната сезона ќе бидам во Реал

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и долгогодишен член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, не е сигурен дали ќе остане во редовите на Кралскиот клуб.

Модриќ: Не знам дали и следната сезона ќе бидам во Реал

Модриќ за време на културно – спортски симпозиум во Обединетите Арапски Емирати, рече дека Реал е најдобриот клуб во светски рамки, но остави можност по повеќе од една деценија и да го напушти мадридскиот клуб.

„Не знам дали ќе го продолжам договорот со Реал идната сезона. Не постои подобар клуб во светот од Реал Мадрид, другите екипи, како што знаете., едно скалило под нас“, изјави 38-годишниот Модриќ.

Хрватскиот фудбалер го носи дресот на Кралскиот клуб од 2012 година, освојувајќи притоа 23 трофеи, од кои пет во Лигата на шампиони.

To top