Фудбал

Младата фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија

Младата фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија

Младата репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во квалификациите за ЕП 2027.

Во Битола беше совладана селекцијата на Ерменија со 2-1.

Воедно, ова е и прва победа на нашата селекција под водство на селекторот Горан Станиќ.

Изедначена игра во првото полувреме, со две шанси во 2-та и 24-та минута за Трајков кој не успеа да погоди од добри позиции. Казната стигна во 38-та минута, кога Ерменците за прв пат влегоа во противничкиот шеснаесетник.

Хакобјан го проигра Ховханисјан кој од прва биеше и го совлада Џеков.

Во вториот дел Македонија започна поконкретно и похрабро, а тоа резултираше со погодок на Трајков во 54-та минута.

По корнерот кој го изведе Хамза, најдобро во гужвата се снајде Трајков, кој реализираше со удар со глава.

Ерменците успеаја да се консолидираат со неколку измени, а потоа на сцена стапи голманот на Ерменците, Давтјан, кој не интервенираше најдобро при еден навидум безопасен удар на Трајков од својата половина и прими по малку “комичен” гол.

До крајот на натпреварот, нашите надежи повторно ја имаа иницијативата и го задржаа резултатот до последниот свиреж на судијата.

Следниот натпревар на младата репрезентација е на 14 октомври против соодветната селекција на Црна Гора.

To top