Македонскиот фудбалски репрезентативец Димитар Митровски одново се најде во списокот на селекторот Благоја Милевски.
Митровски по денешниот прв тренинг од овој циклус ги кажа своите очекувања од првите натпревари од новата сезона во Лигата на Нации.
„Нашата цел е да го освоиме првото место во групата. Влегуваме како фаворити против Фарски Острови, но секој натпревар е тежок. Треба да се прилагодиме и на временските услови и теренот, но треба да бидеме позитивни и да го дадеме најдоброто за националниот тим. Кога се игра за Македонија траба да се дава повеќе од 200%. Секогаш сум го давал најдоброто во националниот дрес, така беше и во младинските категории и така ќе биде и во иднина“, рече Митровски.