Саудиска Арабија станува се поатрактивна дестинација за играчите и тоа не само за ветераните туку и за фудбалерите кои реално треба да играат во најдобрите, најквалитетните лиги во Европа.
Имаме уште еден играч кој во своите најдобри години оди во Азија, а тоа е 25-годишниот Муса Диаби. Тој минатото лето пристигна во Астон Вила од редовите на Баер Леверкузен и на 54 натпревари во сите конкуренции постигна 10 гола и запиша 9 асистенции.
Меѓутоа сега стигна повик, понуда од Ал Итихад, понуда вредна 60 милиони евра која премиерлигашот ја прифати, додека офанзивецот пак доби договор за наредните пет години кој добро ќе го наплати.
Инаку Муса потекнува од школата на ПСЖ, а во кариерата има настапувано и за Кротоне.