Фудбал

Милитао го продолжи договорот со Реал Мадрид

Милитао го продолжи договорот со Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Едер Милитао потпиша нов договор со „кралевите“ и тоа со важност до 2028 година.

Реал Мадрид го потврди новиот договор на бразилскиот дефанзивец кој во овој момент е надвор од терените поради повреда, меѓутоа не ги откри финаниските детали.

Милитао за Реал настапува од 2019 години, а претходно го носеше дресот на Порто. За шпанскиот гигант собра вкупно 143 натпревари и постигна 11 гола.

To top