Фудбал

Милевски: Не сум задоволен од тактичката дисциплина на мечот

Милевски: Не сум задоволен од тактичката дисциплина на мечот

По мечот со Хрватска, селекторот Благоја Милевски честиташе на ривалот за триумфот, а од нашиот национален тим испрати порака до играчите дека мора да ги средат работите во клубовите, за да бидат поконкурентни и во репрезентацијата.

„Честитам на Хрватска за играта и за победата. Покажа дека во моментов подобра далеку репрезентација од нас, иако ние имавме неколку одлични моменти во првото полувреме. За жал, ако не реализираш со вакви екипи, следи казна. Но, одиме понатаму, имаме време до септември да ги отстраниме аномалиите. И пред се, се надевам дека играчите ќе ги решат проблемите во клубовите и со поголема минутажа ќе бидат поконкурентни и во репрезентацијата.

„Не сум задоволен на моменти од тактичката дисциплина и од физичката подготвеност на дел од нашите играчи. Но, тоа е резултатот на проблемите кои ги носат од клубовите. Ова е одлична прилика да видиме од повеќе аспекти до каде сме и на што треба да работиме за да бидеме на повисоко ниво и во иднина“, изјави Милевски.

To top