На најдобрите македонски фудбалари им претстојат последните два натпревара во квалификациската кампања за пласман во завршницата на Европското првенство 2024-та во Германија. Првиот е на гости против Италија, на 17-ти ноември во Рим, потоа против Англија, на 20 ноември во Скопје.
На денешната средба со новинарите селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за мечевите со Италија и со Англија.
Македонија е четврта во групата Ц со шест бода и ги загуби сите шанси за евентуално освојување на едно од првите две места што водат на завршниот турнир.