Фудбал

Милевски ги избра стартните 11. за дуелот со Молдавија

Дуелот е со почеток во 15;30 часот на теренот во комплексот „Мардан“.

Милевски ги избра стартните 11. за дуелот со Молдавија

Селекторот Благоја Милевски го одреди почетниот состав на македонската фудбалска репрезентација за контролниот дуел попладнево против Молдавија на неутрален терен во турска Анталија.

Милевски се одлучи да го почне натпреварот со Димитриевски на голот, Илјазовски, Муслиу и Серафимов во одбраната, Чурлинов, Атанасов, капитенот Барди, Елмас и Алиоски во средниот ред, а Миовски и Ристовски во нападот.

Дуелот е со почеток во 15;30 часот на теренот во комплексот „Мардан“.

Ова ќе биде четврти дуел меѓу Македонија и Молдавија во кој двете репрезентации ќе ја бараат својата прва победа во меѓусебните пресметки, по трите нерешени исходи, 1-1 во 2009, 2-2 во 2001 и 0-0 во 2000 година.

To top