Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски пред натпреварот со Фарски Острови истакна дека нашата селекција треба да биде на својот максимум за да не зависиме од противникот.
„Ни следи првиот натпревар, а тој секогаш е тежок. Фарски Острови е квалитетот, дисциплиниран противник и имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша јасна цел е првото место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа.
Временските услови се такви какви што се. Не е лесно да се адаптирате од 35 на 12 степени. Затоа дојдовме ден порано и верувам дека ќе бидеме спремни. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го наметнеме нашиот квалитет“, вели селекторот.
„Нашиот противник е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво што се однесува со трк, агресивност и желба, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз. На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен – заврши селекторот во својата изјава.