Фудбал

Милевски: Целта е прво место во групата

Милевски: Целта е прво место во групата

Првите импресии на нашиот селектор, Благоја Милевски се позитивни. Тој смета дека овој пат ждрепката била на наша страна, по претходните пеколно тешки ждрепки во баражот за Светското првенство во Катар и квалификациите за Европското првенство во Германија.

„Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај.  Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. 

Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани.  Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 0-5, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4-0. Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања”. 

Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата“. рече Милевски.

Воведното коло ќе се игра на почетокот на септември, а завршното во ноември. Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 година.

To top