Легендарниот напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер, изјави денеска дека би можел да ја продолжи кариерата во клуб од американската МЛС лига.
– Да, постои таква можност, но морам да размислам за тоа. Во моментов сум целосно фокусиран на Светското клупско првенство. Можеби има некои преговори, но главната работа сега е турнирот, изјави Милер.
Триесет и пет годишниот Милер, кој е дел од Баерн од 2009 година, претходно објави дека заминува од клубот на крајот од тековната сезона.
– Не брзам, не сум под стрес кога донесувам одлуки, рече Милер, кој е рекордер на Баерн според бројот на одиграни натпревари за клубот.