Фудбал Серија а

Милан се врати од негатива од 0:2 и го победи Торино

Милан синоќа го победи Торино со 3:2 на гостински терен во 14. коло од Италијанското фудбалско првенство.

Милан се врати од негатива од 0:2 и го победи Торино

Милан синоќа го победи Торино со 3:2 на гостински терен во 14. коло од Италијанското фудбалско првенство.

Домаќините имаа водство со 2:0 веќе во 17. минута со головите на Никола Влашиќ (пенал) и Дуван Запата.

Стрелци за Милан беа Адриен Рабио (24.минута) и Кристијан Пулишиќ (67 и 77).

Милан по својата трета последователна победа во Серија А стигнаа до 31 бод и се искачија на првото место на табелата. Втор е Наполи исто така со 31 бод.

Торино го претрпе третиот последователен пораз и падна на 16. место со 14 бода.

To top