Фудбал

Милан ќе го врати Жоао Феликс во Челси

Милан ќе го врати Жоао Феликс во Челси

Португалскиот интернационалец во дресот на Милан, Жоао Феликс најверојатно ќе биде вратен на Челси по крајот на сезоната.

Тој игра како позајмен на „Сан Сиро“ каде пристигна ова зима од лондонските „сини“, меѓутоа уште од сега „Росонерите“ не се задоволни од неговите изданија, иако одигра само неколку меча.

Оваа одлука наводно дошла по многуте грешки на Феликс во елиминацијата од Феенорд во Лигата на шампионите.

Италијанскиот весник „Република“ пишува дека ако Сержио Консеисао добие отказ до крајот на сезоната, сигурно е дека Феликс ќе биде вратен назад во Челси.

To top