Италијанскиот фудбалски тим Милан успеа да слави над Барселона во меч во кој победникот се одлучи по пенали откако во регуларниот дел беше 2-2 , но по ударите од белата точка забележа победа од 4-3.
„Росонерите“ отворија далеку подобро во Балтимор и поведоа со головите на Јовиќ и Пулишич, но Левандовски одговори со два гола за израмнување.
На крајот се играа пенали, а бидејќи Флик направи премногу замени и им даде шанса на млади играчи, посигурни во ударите беа играчите на Милан.