Фудбалскиот клуб Милан, е заинтересиран за ангажирање на шпанскиот тренер Хосеп Гвардиола.
Според италијанските медиуми, фаворит за преземање на функцијата за следната сезона е Роберто Де Ѕерби, но Росонерите имаат еден друг сон, да го доведат Гвардиола кој е еден од најдобрите и најтрофејни тренери на светот.
На Гвардиола сезонава не му цутат розите во Манчестер сити, а наводно и тој би сакал да работи во Италија која ја сака уште од своите играчки денови.
Договорот со Сити му е до 2027 година, но ако Сити биде казнет за прекршувањата на финансискиот фер-плеј за кој трае судска постапка и евентуално биде преселен во ранг подолу