Лионел Меси, според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, нема да ја заврши кариерата во американската МЛС лига.
Ако има 37 години и моментално е член на Интер од Мајами во МЛС, Меси не планира таму да ги закачи копачките, тврди „Ел Национал“.
Наместо во Америка, Меси ќе се врати таму каде што почна се, во Аргентина и неговиот Њуелс Олд Бојс.
Кариерата ја започна токму таму на 13 години и никогаш не криеше дека би сакал да се врати еден ден.
„Ако утре се вратам во Аргентина, што би сакал да го направам, би играл само за Њуелс“, изјави Меси во 2016 година додека играше за Барселона.
Меси е член на Интер од 2023 година, каде што пристигна по две сезони со Сен Жермен. Претходно, вклучувајќи ги и јуниорските години, тој играше за Барселона 20 години и освои се што можеше со тој клуб.