Фудбал Состанок

Меси ја предводи Аргентина на Копа Америка

Репрезентацијата на Аргентина е во групата „А“ заедно со Канада, со која ќе игра на отворањето во Аталанта, потоа Чиле во Њу Џерси и Перу во Мајами. 

Меси ја предводи Аргентина на Копа Америка

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Скалони го објави денеска конечниот список со 26 играчи за Копа Америка.

Светскиот шампион Аргентина повторно ќе биде предводен од Лионел Меси и Анхел Ди Марија, кој најави дека ќе се повлече од националниот тим по турнирот, кој започнува во САД на 20 јуни.

Во аргентинскиот состав од прелиминарниот проширен список ги нема Анхел Кореа, Валентин Барко и Леонардо Балерди.

Репрезентацијата на Аргентина е во групата „А“ заедно со Канада, со која ќе игра на отворањето во Аталанта, потоа Чиле во Њу Џерси и Перу во Мајами.  (МИА)

To top