Фудбал

Меси: Интер Мајами оваа сезона може да испише историја

Меси: Интер Мајами оваа сезона може да испише историја

Лионел Меси и неговиот Интер Мајами ја исполнија главната цел – обезбедувањето на првото место во регуларниот дел од МЛС лигата.

Американскиот тим славеше со 3-2 над Колумбус и ќе стартува во плеј-офот од највисоката позиција, што донесе големо задоволство кај Меси, кој најави дека Интер би можел да изоди историска сезона.

„Среќен сум за успехот. На почетокот на годината знаевме дека имаме одлична група на фудбалери кои се подготвени за највисоки дострели. Ја остваривме првата цел, а сега со мислите сме на следните предизвици. 

Имаме прилика да влеземе во историјата и да испишеме светла страница во овој клуб. Мора да ја искористиме предноста на домашниот терен и да одиграме најдобро што можеме. Одиме по историски успех“, рече најголемата ѕвезда во МЛС лигата.

 

To top