Фудбал

Мечот Македонија – Ерменија ќе го судат Германци

Мечот Македонија – Ерменија ќе го судат Германци

На натпреварот помеѓу Македонија и Ерменија што ќе се одигра во Скопје  УЕФА веќе ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на „Тодор Проески“.

Главен судија ќе биде 39-годишниот Германец Харм Осмерс, а нему ќе му асистираат Доминик Шал и Стефан Луп, исто така од Германија. Главен арбитар во ВАР-собата ќе биде Серен Сторкс.

Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија е закажан за вторник од 20:45 часот.

To top