Најдобриот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе раскажа како се променила играта на Лионел Меси по неговото доаѓање од Барселона.
-Знаете, фудбалот го диктира своето време, го диктира своето темпо. Ако не се промениш, фудбалот преминува на нешто друго и си заборавен. Дури и најголемите мораа да променат нешто. Играв со Меси и тој, на пример, ја смени својата игра. Во ПСЖ тој не беше истиот играч како во Барселона, а тоа му овозможи да го освои Светското првенство, колективните и индивидуалните титули, изјави Мбапе, за „90min“.
Меси играше за ПСЖ од 2021 до 2023 година. За парижаните има 75 настапи на кои постигна 32 гола и 35 асистенции. (МИА)