Фудбал ќе игра против Манчестер сити во ЛШ

Мбапе скрши прст

Мбапе скрши прст

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, скрши прст на левата рака за време на поразот (0:2) од Селта Виго во 15. коло од шпанската лига.

Напаѓачот ја претрпел повредата кон крајот на првото полувреме по судир со дефанзивецот Оскар Мингеза. Мбапе продолжи да игра откако лекарите му го преврзаа прстот.

Шпанските медиуми објавија дека 26-годишниот Французин ќе игра против Манчестер сити во 6. коло од Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одржи в среда, 10 декември.

Мбапе одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања во сезоната 2025/26, постигна 25 гола и креира четири асистенции.

To top