Килијан Мбапе вчера на сензационален начин беше претставен пред околу 85.000 фанови, а денеска го започна својот одмор.
Иако на конференцијата при презентацијата изјави дека е достапен доколку Карло Анчелоти сака да го однесе на американската турнеја во претсезоната, Реал реши да го испрати Французинот на одмор до 7 август.
Мбапе ќе почне да тренира практично на само 10 дена пред почетокот на сезоната во Ла Лига. Одбраната на титулата „кралевите“ ја започнуваат на 18-ти август на гости против Мајорка.
Французинот засега е првото и единствено засилување за Реал пред почетокот на сезоната, додека заминаа Тони Крос (пензија) и Начо Фернандес (Саудиска Арабија).
Покрај Ембапе, Реал Мадрид цели на уште неколку засилувања, а на списокот се – Лени Јоро (Лил), Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен) и Трент Александер-Арнолд (Ливерпул).