Фудбал спринт

Мбапе како „Брзиот Гонзалес“ – со топка трчаше само секунда побавно од Јусеин Болт (ВИДЕО)

Одамна е познато дека Килијан Мбапе е еден од најбрзите фудбалери во светот, но колку навистина е експлозивен покажуваат податоците од синоќешното гостување на ПСЖ кај Реал Сосиедад (2-1), на кое, според статистичарите, во трката на 100 метри би имал остварување од 10,9 секунди, што е за само 1,32 побавно од светскиот рекорд што го држи Јусеин Болт (9,58).

Можеби ова и не звучи толку импресивно, но кога ќе се земе в предвид дека Мбапе додека трча мора и да ја контролира топката, тогаш станува јасно колку е голем овој успех. Тој дури и со водење на фудбалот сигурно би можел да го урне македонскиот рекорд во оваа дисциплина, кој изнесува 10,59 секунди. Французинот повторно како славниот херој од цртаниот филм „Брзиот Гонзалес“ беше стрелец за ПСЖ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Мбапе практично сам го ги однесе „светците“ во четврт-финалето, каде ПСЖ се уште не го знае името на противникот. Тој сезонава на 34 натпревари постигна исто толку голови, а забележа и седум асистенции.

To top