Фудбал Реал Мадрид

Мбапе ја презеде одговорноста за поразот од Атлетик

Реал е на 2. место во шпанското фудбалско првенство со 33 бодови.

Мбапе ја презеде одговорноста за поразот од Атлетик

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се смета за виновен за поразот од Атлетик (1:2) синоќа во одложениот натпревар од 19. коло на шпанскиот шампионат. Французинот промаши пенал во 68. минута.

– Лош резултат. Направив голема грешка на натпревар каде што секој детал е важен. Ја преземам целосната одговорност за ова. Тежок момент е, но сега е време да ја сменам ситуацијата и да покажам кој сум, напиша Мбапе на социјалната мрежа.

Дваесет и петгодишниот Французин го промаши вториот пенал во низа. Претходно не успеа да постигне гол од пенал на натпреварот од Лигата на шампионите против Ливерпул (0:2) на 27 ноември.

Реал е на 2. место во шпанското фудбалско првенство со 33 бодови.

To top