Реал Мадрид со 2-0 го доби малото мадридско дерби против Хетафе, головите ги постигнаа Белингем и Мбапе.
Тимот на Анчелоти го искористи киксот на Барселона и се доближи до врвот. Килијан Мбапе постигна гол, но одигра и севкупно одлично, беше најопасен откако пристигна во Реал Мадрид, на крајот ја доби и наградата за играч на мечот.
Резултатот го отвори Белингем со гол од пенал во 30. минута од натпреварот.
Само осум минути подоцна Мбапе постигна одличен погодок од далечина за конечни 2-0.
Хетафе имаше свои шанси на овој натпревар но не успеа да ги искористи.