Фудбал

Мбапе го пропушти тренингот на Франција

Франција одржа отворен тренинг пред 4.000 гледачи во Падерборн. „Петлите“ се подготвуваат за својот прв натпревар на Европското првенство, кој е в понеделник против Австрија.

На теренот не се појавија големите ѕвезди Килијан Мбапе и Кингсли Коман. Претходно денеска се прошири веста дека во францускиот камп има грип. Токму ова е причината за отсуството на Коман, кој не се чувствува добро. Како што пишуваат француските медиуми, Мбапе не е болен, туку одмора и работи во теретана. На крајот од тренингот тој се појави на теренот, даваше автограми и се сликаше со навивачите.

Заедно со останатите тренираше и Адриен Рабио кој имаше физички проблеми. Аурелиан Чуамени и Ибрахима Конате тренинзите ги започнаа индивидуално, но се приклучија подоцна и во активностите со топка.

To top