Фудбал

Мбапе го нарече Левандовски „кучкин син“

После тоа, 25-годишниот Французин ја извади заштитната маска и му сигнализираше на судијата за прекршокот. Новинарите од неговите усни ги прочитаа зборовите „Кучкин син“.

Мбапе го нарече Левандовски „кучкин син“

Францускиот репрезентативен напаѓач Килијан Мбапе го нарече полскиот фудбалер Роберт Левандовски „кучкин син“ за време на вчерашниот натпревар од Евро 2024 против Полска (1:1), објави „RMC Sport“.

Левандовски во 88. минута од мечот со рака го допрел лицето на Мбапе, при што случајно го допрел и неговиот скршен нос. После тоа, 25-годишниот Французин ја извади заштитната маска и му сигнализираше на судијата за прекршокот. Новинарите од неговите усни ги прочитаа зборовите „Кучкин син“.

Француската репрезентација го зазеде 2. место во групата и се пласираше во плејофот на турнирот, каде во 1/8 финалето ќе игра против второпласираниот од групата Е.

Полска го заврши учеството на ЕП 2024.

To top