Маурисио Покетино и официјално е назначен за нов селектор на репрезентацијата на САД. Еден од домаќините на следното Светско првенство се одлучи за звучно име на својата клупа, откако беа елиминирани уште во групната фаза на Копа Америка.
„Сакам тука да постигнам нешто историско, тоа е она што ме инспирираше. Гледам група на фудбалери со талент и потенцијал, а заедно ќе изградиме нешто посебно на што ќе се гордее цела нација.“ – рече Покетино на официјалната промоција.