Фудбал

Маурисио Покетино ќе биде нов селектор на САД

Маурисио Покетино ќе биде нов селектор на САД

Педесет и две годишниот Аргентинец кој беше тренер на Еспањол, Саутемптон, Тотенхем, ПСЖ и Челси, ја прифатил понудата да стане нов селектор на САД.

Во пресрет на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, Почетино решил да го прифати предизвикот да ги води најдобрите фудбалери на САД.

Аргентинецот немаше голем успех како предводник на Челси со кого се раздели после очајни резултати на екипата. Тој досега во кариерата не водел ниту една репрезентација.

To top