Фудбал

Матета: Си одам од Палас оваа зима

Матета: Си одам од Палас оваа зима

Напаѓачот Жан-Филип Матета нема да го продолжи договорот со Кристал Палас.

Според новинарот Бен Џејкобс, 28-годишниот француски репрезентативен напаѓач ги информирал лондончани дека сака да го напушти клубот оваа зима.

Тој нема планови да го продолжи договорот, кој важи до летото 2027 година.

Матета сакаше да се пресели во Јувентус, но италијанскиот клуб понуди позајмица со опција за откуп, што би било задолжително само доколку се исполнети одредени услови, а тоа беше неприфатливо за Палас.

Астон Вила, која е исто така заинтересирана за Тами Абрахам, моментално покажува интерес за Французинот.

Жан-Филип постигна осум гола на 22 натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

To top