Белгикиот фудбалер Маруан Фелаини дефинитивно ја завршува својата богата играчка кариера.
Славниот Белгиец реши да ги „обеси копачките на клин“ по осумнаесет години активен фудбал, а последните четири години ги мина како играч на кинескиот Шандонг Тајшан.
„Со овој пост би сакал да се заблагодарам на сите и да објавам дека ја завршувам мојата успешна 18-годишна фудбалска кариера. Патувањето беше навистина неверојатно“, напиша поранешниот белгиски репрезентативец на својот Инстаграм профил.