Искусниот дефанзивец Маркос Алонсо ќе ја напушти Барселона како слободен играч на крајот од актуелната сезона.
Меѓу 32-годишниот шпански фудбалер и управата постои взаемна почит, но одлуката е донесена и разделбата е планирана, објави на социјалните мрежи трансфер експертот Фабрицио Романо.
Што се однесува до друг ветеран во тимот на каталонскиот гигант, Серхи Роберто, кој исто така би можел да замине како слободен играч на лето, одлуката допрва треба да се донесе и во голема мера е поврзана со иднината на тренерот Чави Ернандез.
Екипата на Барселона го зазема второто место во поредокот во шпанската Ла Лига со 67 бодови по 30 кола, 8 бода зад лидерот Реал Мадрид.