Маркињос, капитенот на ПСЖ беше еден од првите играчи кои пристигнаа во клубот во ертата на катарските газди.
Бразилецот 13 години чекаше и дочека да го освои највредниот пехар во Лигата на шампионите.
ПСЖ конечно успеа да ја освои Лигата на шампионите. Го направи тоа на импресивен начин, го декласира Интер во финалето со 5:0.
„Тоа е мешавина од радост и сите емоции што ги живеевме заедно. Страдав, но пораснав со овој тим. Мислам на сите играчи кои дојдоа и си заминаа и не успеаја. Моите идоли, Тијаго Силва, Лукас Моура, Златан, Кавани, Ди Марија… Толку многу играчи беа тука, го заслужија тоа, а не успеаја. Денес дојдовме ние и го носиме пехарот дома. Мислам на сите навивачи кои беа со нас, оние на „Паркот на принцовите“ и низ целиот свет. Ве сакам, уживајте и ние ќе уживаме“, рече Маркињос и дополни.
„Ова е најдобриот ден во мојот живот. Моето семејство беше со мене и го живееше ова со мене. Ова беше голема цел. Кога дојдовме, никој не веруваше дека можеме да стигнеме до тука. Тоа се дванаесет години маки и страдања. Премногу ја ценам оваа титула, сега е наша и ја носиме дома. Многу сум среќен“.